Петар Печков
Објавено: вторник, 08 октомври 2013
Велес со својата карактеристична архитектура, повеќе не е пример на старата градска архитектура која била создадена во 19-тиот век. Старите и вредни градби ги снемува а новите не го носат белегот на старото, туку се земаат новото, кое нема допирни точки со традицијата. Велес кој поседуваше карактеристична архитектура, создадена од граѓанската класа која израснала од силната трговија со Европските центри, куќи опремени со европски терк, но и под турско влијание, сега се минато. Ова беше кажано на трибината за состојбата со културното наследство која ја организираше граѓанското здружение Центар за културно наследство.
Голем дел од препознатливоста на Велес се губи. Сите градови се унифицираат, со новите градбни сите личат еден на друг, го губат тоа што е нивна карактеристика. Во 19-тиот век кога се создавале тие биле според нивните географски каратеристики . Така Велес е препознатлив по амфитеатраленниот карактер, поставеноста на куќите една над друга, гледаат сите кон реката Вардар. За жал грижата за културното наследство е е недоволна и имаме нов лик на градовите, кои стануваат исти еден на друг - изјави проф д-р Донка Барџиева Трајковска претседател на Центар за културно наследство.
Според неа постојат мали делови во градот кои можат да се спасат, а тука главна улога треба да имаат граѓаните, поединецот. Преку овие трибини Центарот сака да ја покрене граѓанската иницијатива, да ги анимираат граѓаните, кои се титулар на наследството, тие го поседуваат и од нив треба да излезе барањето за заштита на културното наследство.
Видете го Којник, кој е опеан во песните, што остана од него. За жал тој не е таков, каков што беше на почетокот до средината на 20 век. Во Велес само пет споменици се сочувани, реконструирани, не од истот материјал како што биел градени, но се сочувани. Меѓу нив се куќите на Касапови, Џинот, Рацин, Васил Главинов. Ние како Центар го проучувавме манстирот Св. Димитрија. Тој е еден од тие градби што воопшто не е истражен досега а заслужува сериозно внимение. Потекнува од 14-ти век, од времето на Константин Драгаш ама за него ништо не се знае, за неговата градба, потекло. Потребно е да се истражува, постои одреден стар живопис. Не се сочувани многу средновеквни цркви во Велес. Културното населдство е едно од идентитетското прашања – вели д-р Барџиева.
Од 70-тина според списокот на заштитени стари велешки куќи, поради нивната архитектура, останати се само уште 15-тина во кои некои живее и можат да се спасат, останатото е се веќе срушено и трајно изгубено.
Старите куќите во Велес биле покриени со камени плочи, што е природна климатизација, лете е ладно, зиме топло. Куќите имале големи чардци кои биле поставени кон реката поади што имале природно ладење од Поварадарецот. Денес новите градби не ги примија овие какратеристики. Наспроти тоа имаме новини кои не се вкомпнирани ниту со положбата на градот, ниту со традицијата. И уште една карктеристика. Своевремено секоја боја на велешките кучи означувала нешто, дали имаат мома или ерген за свадба, дали газдата бил в туѓина. Денес имаме силни јаки бои кои ги заменија традиционалните, па Велес личи на шарено велигденско јајце –вели велешки архитект од постарата генерација.
Tweet |