Петар Печков
Објавено: петок, 12 август 2022
На меѓународниот ден на младите 12 август, Велес доби Младински центар. Тој е сместен во престорија од Градската библиотека Гоце Делчев. Отворен е со финансиска поддршка од Агенција за млади и спорт. Со младинскиот центар ќе управуваат Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ и Фондација за локален развој и демократија „Фокус“.
„Овој центар е место во кое младите ќе можат да создаваат, да развиваат позитивни вредности, а своите идеи да ги преточуваат во конкретни проекти со што активно ќе се вклучат во креирање на Општина по мерка на младите’ - кажа на отворањето градоначалникот Марко Колев.
Со отворањето на Младинскиот центар Општина Велес ја исполни законска обврска од Законот за младинско учество и младински политики.
Tweet |