речник контакт

Велес доби грант од 750 илјади евра од ЕУ

Намената е решавање на сообраќајниот хаос во центарот на градот и реализација на паметни пешачки и велосипедски зони

Петар Печков

Општина Велес доби грант од ЕУ во висина од 750 илјади евра, објави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски. Од локалната власт на Велес прецизираа дека со одбрентеи средства  ќе се реализира проект  со кој ќе се реши сообраќајниот хаос во центарот на градот и ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони. Грантот е  дел од проектот „ЕУ за општините“.

За таа цел, во текот на вчерашниот ден, четврток, градоначалникот Марко Колев и одговорните служби од Општината одржале работна средба и увид на терен со Клаус Рихтер, одговорен за техничка поддршка при делегација на ЕУ,  Бојан Кардалов, одговорен за видливост на проектите и Глигор Михаиловски од СЕГ Холдинг партнери во проектот.


Освен во Велес во наредните три години проекти на ЕУ ќе се реализираат  и во општините Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје во вкупна вредност од 5,5 милиони евра.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »