речник контакт

Велес доби канцеларија за правата на пациентите

Лоцирана е во граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, каде може да добие правна и административна помош, како и поддршка при евентуални повреди на правата во здравствениот систем

Петар Печков

Започна со работа  канцеларија на Комисијата за унапредување на правата на пациентите, со цел обезбедување поголема заштита, информираност и поддршка за сите граѓани во остварувањето на нивните здравствени права.

„Канцеларијата ќе функционира како советодавно и информативно тело, каде пациентите ќе можат да добијат насоки, правна и административна помош, како и поддршка при евентуални повреди на нивните права во здравствениот систем. Со отворањето на оваа канцеларија, Општина Велес ја потврдува својата посветеност кон унапредување на квалитетот на живот и здравствената заштита на своите жители, како и кон градење транспарентен и одговорен систем кој ги става граѓаните во центарот на своето делување“ – соопштија од локалната власт. 

Пациентите можат да ја  користат оваа услуга и активно да придонесат кон подобрување на здравствениот систем, преку пријавување на проблеми и споделување на своите искуства.

Канцеларијата се наоѓа во просториите на Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес и секоја среда од 10 ч до 14 ч.

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »