речник контакт

Велес доби нов театарски фестивал „5ре“ посветен на Петре Прличко

Годинава ќе бидат прикажани седум хит комедии на македонските театри и две детски претстави во дополнителна програма. Четврток вечер на отворањето ќе биде враќана наградата „Петре Прличко, на Игор Џамбазов

Петар Печков

Велес доби нова културна манифестација, нов театарски фестивал во македонски рамки, овој  посветен на Петре Прличко.  Фестивалот е насловен „5ре“ и е посветен на актуелната театарска продукција во земјава, годинава на комедијата и има ревијален  карактер.

„Преку овој фестивал да оддадеме дополнителна почит на Петре Прлилчко, со популарни престави, како што беше популарен Прличко. Имаме исклучително богата програма, девет фестивалски претстави, шест на сцената во татарот, една на отворена во Младински парк и во дополнителна програма две театарски претстави за деца“- рече Ненад Витанов, режисер и  дел од организацијата на фестивалот.   

Започнува четврток вечер, ќе трае десет дена, сите претстави ќе се играат на сцената на велешки театар.

„На отворањето на фестивалот, четврток вечер имаме чест да ја доделиме наградата „Петре Прличко“ која ќе му биде врачена на Игор Џамбазов. Ги поканувам сите велешани  да го преследата фестивалто и да уживаат“ - рече Жарко Спасовски, актер и дел од организацијата на фестивалот.
Влезниците по цена од 200 денари се пуштени во продажба о, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билети.
„Гледајќи години наназад, публиката може да види, дека велешкиот театар е носител на добри татарски продукции, на комедијата која е од потешките жанрови за играње. Ова не е ниту случајно, ниту инцидентно, туку логичен потег, Велес да добие ваков театарски фестивал, со домашни популарни  претстави на македонските театри. се надевам дека ќе доживеа голем успех“ - рече Зоран Љутков актер и претседател на Советот.    

Тој ги најави и дел од следните содржини  кои во текот на летото ќе се случуваат во Велес. Потоа следи  од 2-5 јуни, забавна рекреативна манифестација во Градски парк, па Рацинови средби, Меѓународен фолклорен фестивал, Фестивал на античка драма Стоби , Фестивал на џез и светска музика и Скулпторска колонија.   

Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес која и го финансира а организатор е здружението  со делегирана надлежност  „Плус публика“ Велес

„Културата значи проширување на умот и на душата, таа не оплеменува. Мило ми е што ги поставуваме темелите на новиот театарски фестивал, кој во чест на Петре Прличко, ќе го носи името „5ре“- кажа градоначалникот Марко Колев. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »