Петар Печков
Објавено: четврток, 22 декември 2022
Велес доби уште еден нов паркинг. на местото до поранешниот АТД диспанзер се изгради паркинг простор. Тој се градеше во период од три месеци и е инвестиција на локалната власт од 4,4 милион денари.
„Завршија сите фази од градежните активности за изградба на новиот паркинг на местото на поранешниот диспанзер, со што паркингот е веќе ставен во функција. Со овој голем паркинг, со капацитет од 65 возила, значително се решава сообраќајниот метеж во овој дел од градот“- соопштија од локалната власт.
Градежната фирма „Бетон груп М-М“ од Кавадарци ги изведуваше градежните работи. Извршен е и технички прием.
Tweet |