речник контакт

Велес е Титов сеуште во здравството

На печатените лекарски рецепти градот е именуван Титов Велес

Петар Печков

Наместо рачно пишувани рецепти од 1-ви јули пациентите ќе добиват печатени. Во Велес побразале, започнаа да ги работат, ама и згрешиле.

Како што можете да видите и по 14 години од враќањето нa старото име на градот, на печатените рецепти започна да се применува Титов Велес.

Во „Прима медика“, кавадаречката фирма која е задолжена за ова, велат дека е направена ненамерна грешка. Дел од старите податоци, само ги префрлиле во новата програма, па ова не го забележале. Најавуваат дека за кратко време грешката ќе ја исправат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »