Петар Печков
Објавено: среда, 02 ноември 2011
,,Зеленото еколошко востание за ослободување на Велес,, ќе се одржи на 9-ти ноември во вечерните часови, најавија организаторите Зелената коалиција. До првите луѓе на државата претседателот Иванов, премиерот Груевски и претседателот на парламентот Велјановски, испратена е порака,, Велес е во опасност, ни треба помош,,.
Протестот ќе се случи на годишнината на денот на ослободувањето на Велес. Ќе започне во 17 часот на плоштадот Сармаале, од каде потоа маршот ќе мине преку главните градски улици и ќе заврши пред топилницата за олово и цинк. На протестот ги покануваме и градоначалниците и жителите н соседните општини Лозово, Чашка, Градско како и од Вардарскиот регион. Загадувањето не познава административни граници, тоа е опасност за сите жители во овој регион – рече Далиборка Златева од Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа.
Поддршка за ,,зеленото востание,, организаторот добил од студентите на четирите факултети кои работат во Велес, кои порачале дека ,,никој не сака,, да студира во загаден град, како и од Здружението на пензионерите од Велес.
Tweet |