Петар Печков
Објавено: вторник, 19 октомври 2021
Нови 23 лица позитивни на ковид-19 регистрирани се во велешко изминати 24 часа. Во истиот период оздравени се 28 пациенти. Според бројот на позитивни случаи 310, Велес и велешко се на трето место во земјава, после Скопје и Куманово.
Во велешка болница, во трите ковид одделенија, хоспитализирани се 67, од кои 43 се потврдени позитивни, 11 сомнителни и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. Испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Извршен е транспорт на 73 годишна пациентка на Инфективна клиника Скопје. На кислородна поддршка се 32 пациенти. На Инфективно одделение се згрижени 34, на Интерно осум и во Модуларната болница 25 пациенти.
Tweet |