Петар Печков
Објавено: петок, 10 јули 2026
Според Државниот Завод за Статистика во 2025 година во Велес се регистрирани 68 електрични возила, во кое влегуваат електрични автомобили и електрични моторцикли.
Со оваа бројка градот е на трето место во Македонија, после Штип кој е втор со 89 а на врвот со многу, многу повисока бројка и тоа четвороцифренае Скопје со 1.229. После Велес е Битола со 63 електрични возила.
Во 2023 во Македонија биле регистрирани вкупно 561 електричен патнички автомобил. На крајот на 2024, таа бројка неколкукратно пораснала на 1507 електрични автомобили, за на крајот на 2025 бројката да изнесува 2047 електрични патнички автомобили и дури 543 електрични моторцикли.
Бројката на електрични возила во Македонија е во континуиран раст.
| Tweet |




