Петар Печков
Објавено: четврток, 03 јуни 2010
Овој чин го сторија градоначалниците Горан Петров и Кажимир Жемба. И двајцата први луѓе изразија задоволство од овој чин, кој е во корист на граѓаните и дека тоа ќе ги зближува иако се оддалечени 1.900 км.
Од денес почнуваме процес на соработка во областа на културата, образованието, спортот, економијата. На овој начин имаме можност заеднички да аплицираме за заеднички проекти – изјави Горан Петров, градоначалник на општина Велес. Гостинот до Полска пак низ бројки се обиде да го долови животот во неговиот град Новогард кој е изграден на истоименото езеро а во близина на Балтичкото море.
Новогард брои 25 илјади жители, и е во близина на Шќеќин, еден о д поголемите полски градови. Порано, до 90-тие беше земјоделски град, лоциран во низина, не е како вашиот град Велес. Сега луѓето живеат од многу мали компании кои се формираа со странски капитал – изјави Жемба. Тој рече дека во Новогард има 3 средни училишта, 10 основни и 5 детски градинки и Велес е шести град со кој се збратимува.
Tweet |