речник контакт

Велес и Сомбор се збратимија

Двата града на голема свеченост најавија соработка на културно и економско поле

Петар Печков

Велес и Сомбор се побратимија на 262 роденден на градот Сомбор. Пред преполната сала на Народниот театар, градоначалниците на двата града, Горан Петров на Велес и Немања Делик на Сомбор, го потпишаа Протоколот за соработка.

Како локална власт во последните години водиме политика на зближување и обновување на стартите и создавање на нови пријателства. Пред се тоа се градовите од некогашната држава во која сите заедно живеевме, што ни помага на патот кон зедничка Европа. Така полесно се доаѓа до Европските фондови, бидјеќи за тоа се потребни партнери. Исто така и стопанствениците полесно настапуваат на трети пазари заеднички - изјави Немања Делик градоначалник на Сомбор, град кој има околу 50 илајди жители. Овој чин беше проследен со 5 минутен филм, кој домаќинтие го снимиле за Велес. Градоначалникот на Велес им го честита роденденот на сомобрци, посакувајќи им уште многу години просперитет во работата и животот.

Потпишавме во името на нашите граѓани акт на пријателство, кој има голема тежина. Тоа е зближување на два града, два народи кои имаат вековно пријателство, многу сличности, култура и традиција. Тоа не краси со векови наназад, но и отвара нови хоризонти за иднина. Нашата идна соработка треба да биде во духот на великаните Лаза Костиќ и Кочо Солев, поети кои дадоа белег на градот и народите - изјави Горан Петров градоначалник на Велес. И двајцата први луѓе на Сомбор и Велес најавуаат за почеток соработка на економско и културно поле, но и можнсот за заеднички проекти на граѓанскиот и невладиниот сектор. Свеченото потпишување на прококолот за збратимување беше во рамките на прославата нд 262 роденден на Сомбор, кога на 17 февруари 1749 година жителите на градот од Марија Терезија го откупиле Сомбор, со што тој се подигнал во ранг на слободен и кралски град. На оваа свеченoст присуствуваа и збратимените градови на Сомбор Цеље од Словенија, Баја и Кишпешт – дел до Будимпешта Унгарија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »