Петар Печков
Објавено: четврток, 10 ноември 2011
Градоначалниците на Велес и на српската општина Сомбор, Горан Петров, и Немања Делиќ, денеска потпишаа Повелба за збратимување меѓу општините.
Повелбата е само хартија. Нас не обврзуваат стопанствениците од двете општини кои веќе почнаа со соработка, не обврзуваат уметниците што направија долгорочен план за соработка на годинашната Сликарско-копаничарска колонија, Македонците што живеат во мултиетнички Сомбор и Србите во Велес, изјави градоначалникот Петров по потпишувањето на Повелбата во Општина Велес.
Градоначалникот на Сомбор најави дека потпишувањето на Повелбата за соработка е прв чекор во поврзувањето на двата града во сите области, првенствено во спортот, образованието, културата, како и стопанството и други области.
Се надевам дека соработката меѓу двете општини ќе придонесе и за зацврстување на соработката и пријателство меѓу двете Србија и Македонија, изјави Делиќ.
Повеќечлена сомборска општинска делегација со нивни колеги од градот Ужице се во посета на Општина Велес, по повод Денот на Општината 9 -ти Ноември.
Tweet |