Петар Печков
Објавено: четврток, 21 октомври 2021
Велес и велешко при врвот според бројот на заболени во земјава, споредено со бројот на жители. Статистички на 100 илјади жители во велешко има 208,2 заразени лица со ковид-19. Најмногу според оваа статистика има во Македонска Каменица 260 на сто илјади жители.
Велес на мапата е обоен во темно црвено, како општина со највисока инциденца. Ова се податоци заклучно со 17-ти октомври, кога во велешко имаше активни 333 лица, позитивни на корона вирусот. Освен од Велес и велешко во ова бројка се и активните случаи од соседните општини Градско и Чашка, кои ги покрива Центарот за јавно здравје Велес.
На истата територија, велешко заедно со Градско и Чашка, вакцинирани се 52 отсто од жителите, или едвај нешто над половината.
Tweet |