Петар Печков
Објавено: сабота, 20 март 2021
Велес и денес повторно при врвот според бројот на позитивни во земјава, тој е петти со 44 нови случаи додека оздравени се 18 пациенти. Ова се бројките кои ги соопштија од Институтот за јавно здравје. Активни се 453 а досега се заразени 3.980 лица.
Починат е еден пациент од Велес, маж на 69 годишна возраст, позитивен, лекуван два дена на интерно одделение- кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. Со ова бројката на починати од последиците на ковид заразата во велешко достигна 122 пациент.
Вкупно хоспитализирани во трите одделенија во велешка Болница се 66, од кои 51 е потврдено позитивен, осум се сомнителни и седум пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 32 пациенти. На Инфективно одделение се 44 пациент, на Интерно осум и во Модуларна болница 14. Испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |