речник контакт

Велес има една градска автобуска линија, Советот донесе одлуки за нови цени на две, иако тие не функционираат во пракса со години

Остана дилемата како е можно до две населени места, Мамутчево и Иванковци, села кои биле на 15 до 17км од Велес, да се плаќа месечен билет од 4.500 и пет илјади, исто колку од Велес до Скопје

Петар Печков

Во градот Велес во пракса има една автобуска линија а на последната седница на Советот, како точка на дневен беа две, со кои се бара повисока цена на две.  На ова тема говореше и советникот на политичката партија Левица, Игор Смилев, кој го актуализираше ова прашање.

„На дневен ред ни се две точки, за повисоки цени на две градски линии. Едната е од месноста  Долни дуќани до населба Превалец а втората е од Автобуска до Железничка станица, кои ги одржува фирмата „Пан-промет“. Тоа е така на хартија, во пракса имаме една автобуска линија, која почнува од зградата на стара Малина, кај Стар мост, преку железничка до населба Превалец. Како  ќе постапиме во случајот, кога одлуки ќе носиме за линии кои не постојат“ - праша Смилев.

Но одговор не доби, никој од стручните служби на општината не одговори. Претставникот на фирмата „Пан промет“ која ја одржува линијата не беше присутен, откако тој и колегите, заминаа по долгите расправии и реплики за амандманите по точките од дневен ред за автобуските линии.

За нивното отсуство реагираше и советникот Марјан Николов, кој ја постави дилемата како е можно до две населени места, Мамутчево и Иванковци, села кои биле на 15 до 17км од Велес, да се плаќа месечен билет од 4.500 и пет илјади, исто колку од Велес до Скопје.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »