Петар Печков
Објавено: четврток, 25 декември 2014
Со бројката на згрижени повредени од сообраќајките, Велешката Болница и при врвот во Македонија, веднаш по Скопските, но таа не може да пружи адекватна здравствена нега. Затоа и поголемиот дел од тешко поведените се префрлаат во Ургентниот центар во Скопје.
Бидејќи сите повредени од сообраќајните незгоди од тунелите кај Катланово, до границата со Грција, во должина од 150 км. но и дел од Овче Поле до Сарамзалино се носат во Болницата во Велес, таа има потреба од повисок квалитет на здравствените услуги. Сите потешко повредени лица, кои се борат за живот каде не часовите, туку минутите се важни да се спасат, ја наметнува потребата, во Велес да се изгради Ургентен центар, кој ќе ја дава неопходната помош за овие пациенти.
Многу често, кога се борат за човечки живот, на пациент настрадан во сообраќајка, мора да се препрати до Скопје. Нашата Болница како централна, прима повредени од големо подрачје, од Катланово до Гевгелија. Посебно во пролет и лето има многу работа, кога има густ сообраќај, поради користењето на годишните одмори на лица кои патуваат по автопат. И кога докторите се борат за нечиј живот, важна е минутата да се спаси тоа лице, треба да се пренесе до Скопје, нови 45 минути патување, плус ангажирање на доктори, сестри, анестезиолог, што ја отежнува работата во Болницата - велат познавачите на проблемот.
Бројките на повредени кој ги прима оваа здравствена институција минатата година, по основ на сообраќајки биле околу 300 лица. Тоа е повод но и поткрепа да се бара изградба на Ургентен центар во велешката Болница. И директорот со идентичен став.
Точно е дека најсериозните случаи мораме да ги препраќаме во Скопје. Веќе подолго време е факт дека во рамките на нашата Болница, е потребен Ургентен центар. Направени се првите разговори со заинтересирана американска организација, која има желба да гради ваков објект. Би било добро кога би се реализирал - изјави д-р Атанас Василев.
Направена е и пресметката, тој би чинел околу 3 милиони евра. Најдена е и локација, во дворот на Болницата. Останува дилемата, дали заинтересираните од САД ќе пројават желба тоа и да го реализираат.
Tweet |