Петар Печков
Објавено: среда, 14 февруари 2024
Пo втор пат за три години Велес не е прифатен да биде Град на културата.
Општина Крива Паланка ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура.
На конкурсот, апликација доставила и Општина Велес. Истото се случи и во 2022 година, кога Општина Велес аплицирала за Град на културата но тогаш одлуката да биде домаќин била за Валандово.
Велес во два наврати и тоа во 2005 и во 2015 година беше организатор на манифестацијата, која е финансиски поддржана од Министерството за култура.
Tweet |