речник контакт

Велес лидер во вакцинирањето

Процентот за вакцинирани деца во велешко е 95% а за ХПВ 96 и туберколоза 98 отсто. Д-р Пандели: имајте потполна доверба во вакцините,како што пораснавте во здраво поколение, овозможете им го тоа и на вашите деца

Петар Печков

Наспроти трендот на опаѓање на  процентот на вакцинирани деца во Македонија, во Велес тој и натаму е висок,  па општината е во врвот во земјава.  Ако процентот на републичко ниво е 94 отсто, Велес е над  просекот, информираа од  Служба за  имунизација на школски и предшколски деца, при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Можам да се пофалам дека одлично стоиме со вакцинирањето на децата, имаме висок процнет на  реализирана вакцинација од 95 до 98 остото во зависност од  вакцината,   први сме  по ХПВ  96 во Македонија. Вакцинацијата е задолжителна,  се работи според календарот за имунизација, на која возраст која вакцина децата ја примаат  - изјави  д-р Пандели Божиков од службата за имунизација.

Првата вакцина која детето ја прима  е БСЖ 24 часа по раѓањето  а   последната е  на 18 годишна   возраст.  Неделата на  вакцинирање екипата oд  Службата ја мина работно, нa терен, барајќи деца кои не се вакцинирани. Така во месноста Рамина наиде на 17 годишно момче кое не беше вакцинирано од тетанус, кое ја прими инјекцијата  во дворот од семејната куќа.  Според надлежните во земјава присутен е отпор кај дел од родителите, кои не сакаат нивните деца да бидат имунизирани.

Ова се должи на антивакцинална кампања, која е присутна во државата последните години намален е процентот  на вакцинирање на  ХПВ, на ситни ситаници, заушки и рубиола. Со целосна  одговрност, во 32 години стаж, можам да кажам дека во мојата пракса  не е случен ниту проблем на некое дете  од вакцинирањето.   Вакцините кои ги користиме  се безбедни, сигурни, набавени од реномирани  фирми  од  Франција, Белгија, Бугарија, кои поседувааат  лицнеци за прозивдоство на вакцини,  по стандардите  на СЗО. Тие пред да ги употребиме се тестираат во Бирото за лекови - додава д-р Божиков.

Од  минатата година од август започна да се применува поливалентна пето и шесто валентна вакцина. Бенефитот од неа е   е што се намалува борјто на убоди  кај децата од 13 на седум вакцини.  Децата се вакцинираат и од  стрептокока, која   е на  доброволна основа, не е задолжителна, и се врши по консултација со лекар  -педијатар . 

Упатувам апел до сите млади родители, кои сите сум ги вакцинирал како деца, ете пораснале, формирале фамилија, не им се случило ништо лошо. Имајте потполна  доверба во вакцините, како што   Вие  пораснавте во здраво поколение, овозможете им го тоа и на Вашите деца. Не наседнувајте на   дезинформации, лаги и  шпекулации, кои се шират преку социјалните мрежи. За се што е нејасно дојдете  во нашата ординација се ќе расчистиме - вели -др Божиков.

Според статистиката за  реализирана имунизација  за 2015-та година за територијата на  ЈЗУ Здравствен дом Велес кој ги опфаќа и општините Чашка и Градско,  процентот на прима вакцина  е 95 осто за    хепатит Б, за ДТП (дифтерија, тетанур, пертусис), за   полио - детска парализа, хемофилус инфлуенца Б, заушки, мала  и црвеникава сипаница, додека за  ХПВ е 96%,  а за туберколоза 98%.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »