Петар Печков
Објавено: недела, 02 декември 2007
Велес долго ќе ги чувствува проблемите со загадувањето доколку не се отстранат жариштата кои и по пет години од затварањето на Топилницата емитуваат тешки метали, олово и цинк, беше речено на Конференцијата наменета за презентација на санациските планови. Во елиминациајта на жешките точки во градот треба да се вложат многу средства но може и да се заработи, презентираа консултантите од шпанската „Ептиса“ која ја изработи студијата, финансирана од ЕУ.
- Најисплатилив начин е да се транспортира депонијата со згура, истата да се преработи а остатокот да се употреби во градежна индустрија за цемент, од што може да се заработат 317 милиони евра наспроти вложените 82 милиони. Постои и варијанта да се транспротира згурата во странство, на пример Кина или Бугарија од каде ќе се заработат 216 милиони евра а ќе се потрошат 12,5. Трета солуција е таа да се преработи од што ќе се добијат 216 милиони а остатокот да се врати на постојната локација и трошокот изнесува 89 милиони евра. Има две варијанти кои се економски неипслативи, покривање на депонијата со глина или нејзино дислоцирање, што чинат 9,6 односно 33 милион евра - изјави Марија Дуковска Павловска, финансиски експерт во проектот.
Депонијата со згура е тешка 1,7 милиони тони и во неа има 8% цинк и 1 отсто олово, што овозможува нејзина економска експлоатација. Стручњаците на „Ептиса“ пресметале дека е потребно да се отстрани земјата во длабочина од 50 см на јавните прометни површини со вкупни 23 хектари за што ќе се потрошат 2,4 милион а за фиторемедијација на земјоделските 80 хектари површина потребни се 1,7 милион евра.
Ова се можните решенија за трајно решавање на проблемот со загаденост на Велес посочија експертите. Тие понудија нов податок дека минатата година, смртноста кај велешани од рак на белите дробови и бронхиите, поради аерозагадувањето како и смртноста од рак на бубрезите, поради тешките метали, е значително над републичкиот просек.
Австриецот Евал Спиталер, раководител на преоктот напомна дека објектот на Топилницата не е затворен прописно, таа требало да биде урната, бидејќи на него се наоѓа сеуште прашина од тешки метали, кои ветерот ги разнесува по градот, со што таа сеуште е голем загадувач.

Tweet |