речник контакт

Велес на ЗЕЛС - ЕКСПО

Велешката локална власт се претстави пред бројните гости на фестивалот на градовите

Петар Печков

По 6-ти пат во Скопје, на Сајмиште се организира Саемот на Општините и ЗЕЛС. Велес на убаво уреден, европски штанд, се претстави со неговите карактеристики, културата, историјата, манифестациите, традицијата.

Се претставуваме со микс, од минатото по тоа што Велес го прави препознатлив во минатото и презентација на новите можности за инвестирање, со стопанските и економски зони кои се привлечни за инвеститорите. Ја претставуваме и можноста за развој на туризмот, мислам на езерскиот, транзитниот, винскиот, културниот, со цел да се поттикне локалниот економски развој. Сакаме да помогнеме на прехранбената индустрија која е водечка и носечка во општината, на земјоделието,  на производството наем со, јајца, живина, на органското производство на храна. Сакаме да го претставиме новиот лик на општината кој се базира на еколошко земјоделие и на туризам  - рече Горан Петров, градоначалник на општина Велес. 

Гостите од странство кои дојдоа на Саемот, беа понудени со богатиот пропаганден материјал кој го имаше на штандот на Велес. Така на едно место  инвеститорите можеа да направат разлика и споредба , кој што нуди, под какви услови и форми.

Велес како предност  ги има развиената инфраструктура, сообраќајната поврзаност, автопат, железница и близина на аеродром, гео- стратешката положба,  расположливата работна рака.

 На Саемот свои штандови имаа и Општина Чашка, Вардарскиот плански регион и Здружението на финансиски работници, со седиште во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »