Петар Печков
Објавено: петок, 10 септември 2010
Општина Велес и отстапи на користење против пожарно возило нма општина Чашка. При гаснењето на пожарите ќе бидат ангажирани лица од комуналното претпријатие и доброволното противпожарно друштво од населбата.
Се надевам дека ова возило малку ќе го користиме, но ќе послужи за случај на евентуален пожар на територијата на општина Чашка. Ние имаме огромен шумски фонд, каде често се случуваат огнени стихии, така што ова возило е добредојдено - изјави Горан Пановски градоначалник на општина Чашка.
Општината е трета по големина во Македонија со 800 км квадратни. Таа ќе обучува и лциа во поголемите населени места, Извор, Богомила со цел благовремено да се реагира при избувнување на пожар.
Заради ефикасноста при евентуален пожар, навремено да се реагира, го отстапуваем ова возило. Се надевам дека тоа ќе биде добредојдено. Но и натаму противпожарната единица од Велес доколку треба ќе дојде да помогне при гаснење на пожар - изјави Горан Петров градоначалник на општина Велес.
Tweet |