Петар Печков
Објавено: четврток, 26 септември 2013
Oпштина Велес од 25-27 септември учествува на вториот меѓународен саем на општини НЕКСПО 2013, на кој се очекува присуство над 4000 претставници на општини, бизниси, асоцијации и развојни програми. Саемот е во организација на мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа (НАЛАС), а се одржува Ријека и Опатија, Хрватска.
НЕКСПО 2013 се одвива под мотото: Трасирање на патот кон ЕУ интеграција. Генералната тема е ЕУ интеграција, додека подтема е Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија - на оваа тема ќе има серија работилници, како и спојување на општините со бизнис секторот.
Општина Велес која е сертифицирана како бизнис пријателска општина во Југоисточна Европа на овој саем е предводена од градоначалникот Славчо Чадиев. На саемот е поставен сопствен штанд со своја понуда на сите капацитети за привлекување на странски инвестиции како и развој на регионалната соработка со општините од Југоисточна Европа.
Tweet |