Петар Печков
Објавено: среда, 28 октомври 2020
Неколку вечери по ред Велес се гуши во смог и високи вредности на опасниот и штетен јаглен моноксид. Ова го покажуваат вредности на мерната станица на Министерството за животна средина.
Воздухот во градот мириса на чад, создава проблеми при дишењето, па велешани избегнуваат да шетаат во вечерните часови, повеќето се по дома.
Шест дена и вредностите на ПМ-10 честичките се над максимално дозволените вредности. Засега нема реакција од екологисти за ваквата состојба.
Вчера пак медицинското списание „Кардиоваскјулар рисерч“ (Cardiovascular Research) објави дека долготрајната изложеност на загадениот воздух може да доведе до зголемување на ризикот од смрт од ковид-19, во просек за околу 15 проценти и предизвикува предвремена смрт кај луѓето.
Tweet |