речник контакт

Велес најтопол град во Македонија овој 25 јули со 40, 9 степени

Bo Скопје измерени 40,7 степени

Петар Печков

Со  40,9 степени под сенка измерени во 14 часот, денес 25 јули, Велес беше најтопол град во Македонија. Приближна вредност беше измерена во Скопје во 16ч. 40,7.  Ова е податок според мерните инструменти на УХР, објавени на официјална страница.   

Претходно во саботата 22 јули, во Велес  во 14ч. беа измерени највисоките 41,2 степени Целзиусови под сенка.

Податокот е  од мерната станица која се наоѓа во близина на Општата болница, кај хелиодромот. Се мери според стандардите на Светската  метеоролошка организација, на два метри над земја, на тревна површина и апаратура заштитена во куќарка.

Метеоролозите најавуваат од утре, спуштање на температурите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »