речник контакт

Велес нема велосипедска патека

Велешани сакаат да возат велосипед, ама немаат каде. А таму каде возат е опасно

Петар Печков

Со години се ветува  велосипедска патека во Велес, но ништо од тоа. Илјадници велешани  посебно во топлите месеци спортуваат,  ама тоа е небезбедно по нив. Ги користат градските сообраќајници  или регионалните патишта. Искуствата  кои ги собирале изминатите години им дават за право да побараат изградба на велосипедска патека.

Многу велешани го користат велосипедот како рекреативно средство. Се вози до вливот на  реката Бабуна, други до езерото Младост  но мораме да возиме крајно внимателно оти сме на коловозна лента. Посебно е опасно за мали деца кои исто така  возат и рекреираат.  Добро е што досега се нема случено нешто лошо и време е конечно Велес да добие велосипедската патека – велат велешани кои до доаѓањето на убавото пролетно време, на овој начин одржуваат кондиција.

Велосипедот е најекономичното, најздравото и најеколошкото превозно средство и затоа многумина велешани го управуваат. Екологистите од ЕД Вила Зора со години укажуваат на потребата од велосипедска патека.

Време е Велес да добие велосипедска патека. Така ова превозно средство ќе може да го користат и младите и старите, но  и да биде безбедно по нив.  Ние постојано укажуваме дека таа е потребна на градот, оти возењето  во Велес и околината е небезбедно – вели Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора. 

Освен рекреативците во градот постои и велосипедски клуб,  на чии членови исто така им е потребна велосипедска патека.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »