речник контакт

Велес нема прволигаш ама има прволигашки фудбал

Работнички,Металург,Еуромилк беа домаќини во Велес

Петар Печков

Скопјани наместо  на пастрмалија, почнаа да доаѓаат во Велес да играат и гледаат фудбал. И тоа најквалитетен македонски. Во средата освојувачот ан Купот, екипата на Работнички на Градски го пречека Силекс (победија скопјани  со 3:0). Претходно во Велес играше и скопски Металург. Повеќе натпревари одигра екипата на Еуромилк, исто така од   Скопје, тоа беа средби од Втората лига.  Добро упатените во фудбалот, објаснуваат дека  на скопјани им било поевтино да  играат во Велс, отколку дома во Скопје. На стадионот ,,Борис Трајковски,, тарифата била 1.2 илјади евра. арената Филип Втори неколку месеци неупотреблива.

 Па така овие екипи одлучиле да играат на Градски во Велес, вештачка трева, нови соблекувални, трибините не се за пофалба, далеку од современ стадион. Но еве како управата на скопски Работнички официјално го објасни доаѓањето во Велес.   

,,Овој натпревар се одигра на стадионот во Велес, откако клубот доби информација дека нема да може да биде домаќин на арената „Филип Втори“ поради лошата состојба на теренот. Воедно, немаше опција ниту за друг стадион во Скопј,,

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »