Петар Печков
Објавено: петок, 09 ноември 2012
Постојат моменти во животот кои се единствени неповторлив. Можеме да зборуваме дека Велес е ваков или таков. Но знам дека повеќето овој град го носат во срцето. Го сакаат со сите негови убавини и маани. Со тесните сокаци и едносмерните улици каде нема каде да паркираш. Го сакаме и кога е преплавен па се тешиме дека ни личи на Венеција и кога е како под Вршник и пече на повеќе од 40, и мислиме дека сме на некоја убава плажа. Тоа е Велес.
Благодарност до сите кои ја создале сликата за градот со кој се гордееме и го сакаме до болка. Било тоа да се познати или малку знаени јунаци, сограѓани, лица од нашето соседство, кои дале се за него. Во спомен на нив на Денот кога е ослободен 9-ти Ноември.
Приказната за денешен и некогашен Велес во 26 минути тв репортажа. Уживајте во неа. И онака никој не е совршен. можеби ќе најдете сто маани ама и една убава работа. Што би рекол Киро, Велес е се што имаме.
Tweet |