Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јули 2024
Топлотниот бран кој ја зафати Македонија и Балканот, донесе рекoрдно високи температури.
Во саботата попладне УХМР измери 41,4 степен под сенка, што е највисока вредност годинава за Велес.
Неделата попладне беше 41,3, додека во петокот 41,1.
Ове вредности го ставаат Велес на второ место во Македонија, после Демир Капија, по висината на температурите.
Метеоролозите најaвуваат дека овој бран ќе биде присутен до четврток, од петок, мало опаѓање на температурите и можни вренежи од дожд.
Мерењето на температурата опфаќа стандарди како што се, апартурата да биде заштитена во дрвено сандаче, да се наоѓа на два метри над земјата, на тревната површина. И се разбира да се избере место кое нема да биде со асфалт и бетон.
Tweet |