Петар Печков
Објавено: сабота, 22 јули 2023
Велес ова лето живее под вршник,се зголемува температурата секојдневно. Денес, сабота во 14ч. беа измерени највисоки досега 41,2 степени Целзиусови под сенка. Ова е официјален податок според УХМР.
Податокот е од мерната станица која се наоѓа во близина на Општата болница, кај хелиодромот. Се мери според стандардите на Светската метеоролошка организација, на два метри над земја, на тревна површина и апаратура заштитена во куќарка.
Најтопло во Македонија беше во Демир Капија во 15ч. со 42 степени, после Велес е Валандово со 41,1 во 14ч , па Кавадарци со 40,8 во 14 и 15 ч па Скопје со 40,3 во 15ч.
Метеоролозите најавуваат дека највисока температура годинава се очекува вторник и среда попладне.
Tweet |