речник контакт

Велес преплавен со партиски знамиња на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот се оградува но не бара нивно симнување оти се нелегално поставени

Петар Печков

 Во градот на сите улици и јавни површини се веат партиски знамиња на владејачката  ВМРО-ДПМНЕ иако за тоа нема дозвола, реагираа од велешката СДСМ.

Согласно Изборниот законик и согласно Распоредот за плакатирање, издаден од Градоначалникот Чадиев, точно се определени местата во градот каде треба да се истакнуваат изборни плакати, а не партиски знамиња. На општински имот се поставуваат партиски знамиња. Во Велес можат да се видат повеќе партиски знамиња на ВМРО ДПМНЕ, отколку што се поставуваат државни и општински знамиња за време на било кој државен, или општински празник? На што личи ова, освен на партиска држава? Бараме брза реакција од страна на Градоначалникот Чадиев во поглед на заштита на општинскиот имот и отстранување на партиските знамиња. Бараме уште во текот на денешниот ден, Градоначалникот Чадиев да се погрижи за почитување на Изборниот законик – рече Александар Домазетов од СДСМ.

Градоначалникот Чадиев објаснува дека поставувањето не било со дозвола на локалната власт, но не соопшти дали и кога ќе бидат симнати знамињата кои се нелегално поставени и дали ќе се преземат казнени мерки против нарушителот и нарачателот. 

Општината не дала никаков налог на никого за поставување на партиски знамиња. Ова е  очекувана реакција во пресрет на вториот круг на изборите – изјави градоначалникот Чадиев

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »