Петар Печков
Објавено: петок, 27 јуни 2014
Продолжува негативниот тренд на населението во општина Велес, присутeн во општинaта последнитe години. Податоците од Заводот за статистика за 2013 се поразителни.
Во минатата година родени биле 573 бебиња а починало 641 лице. Или во старт е минус од 68 лица. Кога ќе се додаде бројката на отселени која е 244 и е повисока од доселените 164, со минус од 78 лица. Севкупно во 2013-та во општината имало помалку 146 лица. Од Починати 641 од нив машки се 347, женски 294, умрени 10 доенчиња. Од починатите во болница умреле 259 лица. Од родени во 2013 - 573 бебиња, 298 се машки, 270 се женски, 5 починале веднаш по раѓањето, 566 се родени во болница. Во Велес лани имало 164 лица доселено, 129 биле од други градови во Македонија, другите 35 од странство. Во истиот период отселени се 244, сите во Македонија, според статистички податоци на Заводот. Во велешко повеќе се раѓаат машки бебиња а почесто умират мажите.
Во општина Градско лани се родиле 44 бебиња, од нив 26 машки и 18 женски, сите во болница. Во Градско во 2013-та 36 лица починале, машки 24 а 12 женски, доенчиња 1, во болница 10 лица го завршиле животот. Во Градско лани се доселени 20 лица, 19 од Македонија, еден до странство. Во изминатите 12 месеци има 28 отселени, 27 во МКД еден во странство. Или во 2013 во Градско нема природен прираст, разликата меѓу родени и починати, доселени и отселени е 0 (нула).
Во општина Лозово родени се 32 бебиња, 15 машки и 16 женски, 1 починало веднаш, 31 бебе е родено во болница. Ова оваа општина лани 33 починале, 21 машко и 12 женски, во Болница 13 лица другите дома. Во Лозово лани има доселени 12 лица, 11 се од Македонија д еден до странство. Во општината отселени се 19, во земјава останале 18 а 1 во странство. Во општина Лозово природниот прираст лани бил негативен осум лица.
Во општина Чашка има висок наталитет со 169 родени бебиња, 95 машки и 72 женски, 2 починале веднаш..165 од бебињата се родени во Болница Во општина Чашка лани починале 84 лица , машки 40, жени 44, 7 доенчиња. Од починатите во Болница биле 25. Во Чашка има доселени 48 лица, 37 од Македонија 12 од странство. 59 лица се отселиле, 48 во МКД а 11 во странство. Природниот прираст во оваа општина е единствен позитивен од 74 лица.
Tweet |