речник контакт

Велес се задолжи пред Светската банка, од втор обид

Советот на општина Велес донесе одлука за задолжување пред Светската Банка за два проекти, во висина од 65,6 милиони денари.

Петар Печков

Иако ваква одлука беше донесена пред година дена, истата беше вратена бидејќи Светската Банка не го прифатила ова барање и побарала двата проекти да се работат и гласаат одвоено, не заедно.  Постапувајќи по овие забелешки, Советот на вчерашната седница, по петчасовна расправа, донесе две одвоени одлуки.

Со првата за подобрување на енергетската ефикасност на уличното осветлување што се состои во замена на постојните, со нови економични светилки задолжувањето изнесува 23,6 милиони  денари. Износот на задолжување на Општина Велес за реализација на проектот за водоснабдување на езеро Младост од градскиот водоводен систем, изнесува 42 милиони денари.

Со него освен објектите и сателитската населба околу езерото Младост ќе се поврзат и населените места Башино село, Речани и Отовица. Греис периодот пред отпочнување на отплатата на кредитот изнесува три години од денот на задолжувањето а средствата ќе се враќаат од општинскиот Буџет во период од осум години. 

Опозицијата во Советот  не се согласуваше со задолжување за водоснабдување на населбите во околината на езеро Младост, туку сметаше дека градот треба да се задолжи  за енергетска заштеда преку  замена на прозорите во основните и средни училишта во општината.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »