Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 јануари 2011
Во 1950 година кога се иселувале Турците од Република Македонија, семејства од околу 300 куќи од с. Горно Врановци се иселиле во Каршијака, каде истите имаат отворено и членуваат во здружение – Македонска куќа.
По нивна иницијатива се донесе Одлука за збратимување со Општина Велес.Општина Каршијака се наоѓа во централниот дел на Измир и е со околу 2.000.000 жители од кои 3000 се иселеници од РМ.Општината Каршијака излегува на море, изобилува со голем број на шуми и маслинови градини. Таа е модерна општина со високо развиени капацитети од област на туризмот, културата, трговијата и сл.
Tweet |