Петар Печков
Објавено: петок, 12 декември 2014
Велес интензивно се украсува за Новогодишните празници. на повеќе локации во градот надлежните ги поставуваат украсите, се редат елките, се декорираат јавните површини.
Во тек е потставувањето на големата новогодишна eлка во Младинскиот парк, а помали ќе бидат поставени пред Пошта, кај ДОЗ и спроти Сако трејд. Ќе бидат или веќе се украсени парковските површини кај Офицерски, кај Ликовниот салон, новина е што ќе биде украсен паркот во дворот на ОУ Васил Главинов.
Вообичаено и главните градски улици ќе добијат свој декор, исто како и Градскиот саат и дел од мостовите во градот. Годинава поради врнежливите денови украсувањето ан градот е задоцнето
Tweet |