Петар Печков
Објавено: недела, 13 март 2022
Иако во мал број, на дневни нови регистрирани случаи на заразени со ковид-19, во однос на претходните месеци, Велес се најде на четвртото место по бројот на активни случаи во земјава. Денес има 101 активен случај, и е зад Скопје, Куманово, Битола па Велес. Изминати 24 часа има регистрин cе 4 нови случаи a ниту еден оздравен. Починати лица од последиците на ковид пандемијата нема.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се како и вчера 11 пациенти. Hа Инфективно се хоспитализирани пет , на Интерно шестмина . Ново примен и оздравени нема
„Потврдено позитивни се двајца, непотврдени се исто толку двајца и негативни се седумина пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се осум пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |