речник контакт

Велес слави, 9-ти Ноември - денот на Општината (фото)

Кои се добитниците на општинските награди

Петар Печков

Со свечена академија Велес одбележа 75 години од ослободувањето и 9-ти ноември Денот на Општината. Настанот се случи во салата на театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот пред бројни гости, меѓу нив и претставници на збратимените градови Ужице и Сомбор од Република Србија.  За денот кој е во меморијата на сите велешани, зборуваше градоначалникот Аце Коцевски. 

За сегашните и идни генерации на Велес, не е само задача туку и најголема човечка обврска, достојно да го чуваме споменот на храброста на загинатите во војната која ја донесе слободата.   Како локална власт ги вложивме сите сили за долгорочни задачи и цели,  Велес да стане првата  општина со европски стратегии за одржлив европски развој. Имаме долгорочно решение за сообраќајните и урбанистички проблеми во градот, решение од врвни европски експерти. Апелирам сите заедно да придонесеме во развојот на нашиот град. Изгледот на Велес е лицето на секој од нас - порача градоначалникот Аце Коцевски. 

Во чест на  општинскиот празник, беа доделени и општинските признанија.  Спомен  плакета  9-ти  Ноември добија:  м-р Владо Мукоски и Момчило Трајковски – конзерватори советници кои работат на фреските во манастирот Св. Димитрија, Веселинка Маџарова Андова - музички педагог,   КУД „Коле Неделковски“, Цветанка Пајдакова - кореограф и основач на балетското студио „Анабела",  Фудбалскиот клуб „Борец 1919“, компанијата „Пескара Вел“ и компанија „Павор“. 

Благодарница им беше доделена на ЗГ „Носачи на крстот“ и ЗГ „Акцијаш - ветерани“.

Добитници на   Пофалница за 2019 година се:  Љубица Јаневска – филантроп и менаџер за човечки ресурси, Ангела Арсова –млад научник во областа на неурофармакологијата,  Здружение на слепи лица - Велес, Антоанела Гајдова - новинар, Сузана Палитова – наставник,  Анѓел Петрушев – кајакар, Александар Златаров - кајакар.

Добитничка на наградата за најстудент „Проф. д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2019 година и припадна на младата Марија Илиевска од 2016 –та година е студент на Технолошко -техничкиот факултет во Велес, насока прехранбена технологија. Марија е одличен и посветен студент со просек 9,59.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »