Петар Печков
Објавено: недела, 16 јули 2023
Велес оваа недела, 16 јули, беше најтопол град во Македонија, според податоците на УХМР. На официјалната страница на Управата за хидрометеорологија, каде часовно се ажурираат податоците за моменталните температури, во Велес во 16 ч. измерени беа +38,4 степени целзиусови.
Ова е податок од мерната станица која се наоѓа во близина на Општата болница, кај хелиодромот. Се мери според стандардите на Светската метеоролошка организација, на два метри над земја, на тревна површина и апаратура заштитена во куќарка.
За илустрација еве ги највисоките температури во Македониај попладнево: Валандово 37,2 во 14ч. Гевгелија 36 степени во 14 ч, Демир Капија 37,1 во 15 ч, Карго Штип 37,6 во 17 ч, и Скопје – Зајчев рид 37,9 во 16 ч.
Но ова не е највисоката температура измерена годинава, поточно летово во Велес. Четвртокот на 13 јули, во 15ч. беа измерени +39 во сенка. Метеоролозите најавуваат пеколни температури кон крајот на оваа седмица, следниот викенд.
Tweet |