Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 јули 2011
Осмиот фестивал ,,Велес 2011,, заврши, учесниците се веќе дома, гледачите ги прераскажуваат танците и ората што ги видоа. Според бројот на присутни се потврди ова е најгледаната манифестација во градот.
Два примери се илустративни. Втората вечер кога се настапуваше на платото пред Mало мовче, а поголем дел од гледачите не знаеја, Амфитеатарот во Младинскиот парк беше преполн и тие очекуваа настап. Или иако времето за долгоочекуваниот концерт на Танец не беше добро, врнежливо, публиката трпеливо ги чекаше најдобрите македонски играорци кои не заиграа и заминаа.
За интересот уште еден податок, просторот се полнеше уште во седум часот, иако настапите беа од осум и пол.Учеството на ансамбли од Хрватска и Словачка, го разбија стандардот од минатите години кога учестуваа исти земји со исти звуци.
Гостите од Холандија, кои за водителот Василевски беа држава од Источна Европа ??!!, за нив ни по пет дена организаторот не најде знаме да се закачи дека се учесници се новина, со нивниот современ танц, бидејќи холандската народна носија и музика сепак имаат поинаков звук и изглед.
Дел од публиката пак без бон-тон. По завршувањето на настпаите на нивните домашни миленици, Вила Зора и Керамичар масовно го напуштаа гледалиштето, без чувство дека не постојат само тие и без желба да видат и други како играат и пејат.
п.с. ТРМР неофицијално дознава дека Танец сепак летово ќе гостува во Велес. Датумот е 28-ми јули.
Tweet |