речник контакт

Велес фест на 7-ми јуни

Освен бендовите, посетителите ќе можат на платно да следат црно-бели филмови. Влезницата чини 100 денари

Петар Печков

На 7-ми јуни, сабота навечер на помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк, ќе се одржи Третиот фестивал Велес фест. Организаторот најавува добра забава која ќе започне од 21 часот се до утринските  часови. За посетителите има обезбеден и кампинг простор, кој е бесплатен.  

Годинава ќе имаме можност да проследиме четири групи и еден ди-џеј.  За почеток, за отворање се предвидени два велешките состави  The  Beats  и  Grace.  Тие работат подолг период. Со нивното учество им даваме поддршка,  сакаме да дадеме можност на локални групи да го покажат своето знаење и да ги стимулираме за натамошен пробив. Тие ќе имаат по едночасовен настап. Околу 23 часот  предвиден концертот на групата Пеперминт, која е доста популарна во земјава, има свои хитови и поддржувачи. Финалето е со Игор Џамбазов со групата на Вуду Харе. За нив не треба да се трошат многу зборови. По  нив се до утрото настап има Ди-џеј Коста од Метропиолис радио – рече Фили Коруновски, еден од организаторите на фестивалот.  Овој фестивал е  продолжение на претходните години  двата одржани Велигденски фестивали.

Редок случај во Македонија е да имаме фестивал на отворено, како што е нашиот. Годинава излеговме од сала. Ќе имаме голем 30 метарски шанк. На стадионот ќе има и кампери, за мотористи и велосипедисти од други градови, кои најавија присуство. Предвидовме и платно каде ќе се прикажуваат црно –бели филмови најави Зоран Јаневски исто така организатор ан фестивалот. Генерален покровител и финансиски поддржувач на фестивалот е Општина Велес.  Влезниците чинат 100 денари

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »