Петар Печков
Објавено: сабота, 09 ноември 2013
Велес ја одбележува 69-тата година од ослободувањето, го слави 9-ти Ноември Денот на општината. По тој повод се одржа свечена седница на која се доделија и највисоките општински признанија. Наградата за животно дело Гемиџии ја доби новинарот Предраг Димитровски, за неговиот придонес во пронаоѓањето на материјалите на гемиџијата Павел Шатев. Награда 9-ти Ноември доби и велешкиот уметник Алксандар Јовановски Мијак. Тој за ова признание изјави:
Наградата е е неизмерна радост, инспирација и обврска за нови дела, ново творештво, за поголемо и подостојно претставување и презентирање на нашиот Велес. Сите ние инспирацијата за творење и битисување ја црпиме од едно нешто, тоа е Вистината. Вистината како држава – народ, град –граѓани, вистината како фамилија – семејство. Поради тоа оваа награда ја посветувам на вистината – рече Александар Мијак.
Наша обврска е на нашите деца да им оставиме град со кој ќе се гордеат. Велес заслужува, ние, неговите заштитници да го претвориме во град - лидер, во град – гордост, не само наша, туку и на Македонија. Додека секој од нас, максимално се вложува во заложбите да придонесе што повеќе за поубава иднина, додека секој од нас, се буди со мислата дека денес е денот кога треба да сторам нешто добро за својот град, додека секој од нас легнува убеден дека Велес мирно ќе спие, нашата иднина ќе биде светла и просперитетна, а нашите наследници ќе бидат горди на нас – изјави градоначалникот Славчо Чадиев на свечената седница.
Во рамките на свеченостите за патронот на градот, на улицата „Кумановска“ се постави камен-темелникот на новиот пешачки мост . Пешачкиот мост ќе биде долг 16,5 метри, а за него се издвоени три милиони и 100 илјади денари од општинскиот буџет кои ќе бидат исплатени на изведувачот, Фабриката за цевки на „11-ти Октомври“ од Куманово. Мостот се гради во близина на зградата на Општината од една и Детската градинка од друга страна.
Пешачкиот мост, ќе ја преминува железничката пруга Велес-Битола, и ќе ги спојува улиците „Методија Андонов – Ченто“ и „Тодор Христов Офицерчето“, На него се овозможува движење на лицата со инвалидност. Предвидено е мостот да биде изграден за еден месец, ќе се зазелени и уреди н просторот околу него, постави на нова урбана опрема на
Денот на општината беше предаден и реновираниот топловодниот систем во средното училиште Димитрија Чупоски., простории кој ги користи и Гимназијата „Кочо Рацин“. Реновирање на топловодниот систем е партнерски проектот на УСАИД, Општината Велес и училиштето „Димитрија Чуповски“.
Досегашниот систем за затоплување на училишната зграда воведен уште во дамнешната 1958 година до сега е реконструиран само еднаш пред 30 години. Со обновата околу 1500 ученици што учат во двете училишта грејната сезона ја дочекуваат во топли училници и кабинети.
Tweet |