Петар Печков
Објавено: вторник, 11 ноември 2008
Велес ќе биде домаќин на првата средба на македонската ракометна селекција против Естонија во рамките на квалификациите за ЕП кое 2010 ќе се одржи во Австрија, се договориле РФМ и РК Борец Младост.
Натпреварот ќе се одигра на 27 ноември, четврток во 17,30 часот во салата 25 мај.
Велешани ќе можат да го следат и последниот натпревар во 3-тата квалификациска група Македонија – Белгија кој е планиран за 13/14 јуни наредната година. Оваа одлука доаѓа откако Велес пролетва беше домаќин на Балканијадата и Трофејот на Македонија.

Tweet |