Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 мај 2021
Неделата попладне, велешанец, кој бил на издржување на казна затвор, пријавил дека цимерот го силувал, а во делото му помогнал третиот цимер- затвореник.
На 9-ти мај во 16.05 часот 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27.04.2021, околу полноќ, во Казнено-поправната установа „Идризово“, со помош на Д.П.(27) од Скопје, Р.Е.(36) од Битола , исто така затвореници, извршил обљуба врз него. Според пријавеното, тој бил сместен во иста ќелија со сторителите – соопштија од МВР.
Полицијата најави дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Tweet |