речник контакт

Велешанец агресивно се однесувал кон соседите, откако побегнал од здравствена установа каде се лекувал

Б.Ш. бил уапсен и вратен во здравствената установа каде се лекувал

Петар Печков

Велешанец кои поради здравствените проблеми  бил згрижен во здравствена установа во Скопје, побегнал, се вратил во маалото каде живее и предизвикал проблеми, како што правел и пред неговата хоспитализација. Полицијата по реакција на граѓани го уапсила и го вратила во болница во Скопје. Повеќе детали од информацијата на СВР Велес.

„На 21 декември  во 15.20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ш.(38 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека избегал од здравствена установа во Скопје. Во меѓувреме, во полициска станица, Б.М.(34 год) од Велес пријавил дека едно лице дошло до неговата куќа, во која биле неговите ќерки и мајка, агресивно се однесувал и скршил прозорец од куќата. По преземени мерки било констатирано дека се работи за лишеното лице“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Известен бил  јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Б.Ш. бил спроведен во здравствената установа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »