речник контакт

Велешанец ем продавал хероин, ем го мешал со парацетамол и кофеин

Со мешањето на овие две супстанци, осомничениот добивал поголема грамажа на хероин и можност за поголема заработка од препродажбата на дрогата

Петар Печков

Велешанецот Т.А: (27 год) кој на 13 март беше уапсен од страна на полицијата, откако во неговиот дом беа пронајдени хероин и две дигитални ваги за препакување на дрогата, истата  ја мешал со други супстанци, информираше Јавното обвинителство од Велес.

„Донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник кај кого при претрес во домот на 13 март беа пронајдени околу 90 грама хероин измешани со кофеин и парацетамол“ - соопштија од ОЈО Велес.

Со мешањето на овие две супстанци, осомничениот добивал поголема грамажа на хероин и можност за поголема заработка од препродажбата на дрогата. Осомничениот Т.Л.  за кривично дело – „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“ веќе му е определена мерка притвор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »