Петар Печков
Објавено: среда, 11 март 2015
Основното јавно обвинителство – Велес отвори истрага против лице за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Од соопштението на обвинителството осомничениот 47 годишен велшанец, сосед на детето кое имало 12 години, вчера на 9-ти март годинава, во попладневните часови го повикал момчeто да го превезе со својот автомобил. Откако жртвата влегла во автомобилот, осомничениот ги заклучил вратите и почнал да врши полови дејствија на што момчето се спротивставило. По дадениот отпор, осoмничениот го вратил детето на 100- ина метри близу до куќата каде живее и каде го оставил.
На обвинетиот му е изречена мерка притвор од еден месец, по барање на јавен обвинител, со образолжение на околностите под кои е сторено кривичното дело и видот и висината на запретената казна за истото, како и можноста од бегство на обвинетиот или повторување на кривичното дело.
Tweet |