речник контакт

Велешанец почина во сообраќајка кај Виничани

Семејството Стојанови повредено во сообраќајка. Едно лице почина две лица и со возачот се тешко повредени

Петар Печков

Едно лице почина а три се тешко повредени во сообраќајка која се случи саботата  околу 20 часот вечер на регионалниот пат Градско Велес, близу Виничани. 

Во сообраќајката почина велешанецот Мијалчо Стојанов ( 59 год) кој бил на совозачкото место, додека тешко се повредени неговата сопруга Б.С( 58 год), нивниот син Б.С. (16 год) и роднината Љ.П. ( 35 год).

Според  велешката полиција до несреќата дошло  кога возилото Опел кадет со битолски регистрации, кое патувало кон Велес, управувано од велешанецот Љ.П. изгубило контрола и се удрило во  ограда од бетонски мост.  На лице место починал Михајло додека останатите се пренесени со возила на Итната помош во Општата Болница.

 Според докторите од таму Љ.П и Б.С.   имаат повеќе скршеници и поради тежината на повредите се пренесени на клиниките во Скопје. Тие се наоѓаат надвор од животна опасниот. Во Болницата во Велес е здржано детето Б.С. кое имало скршеница  на рака и било во стабилна состојба.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »