Петар Печков
Објавено: вторник, 11 февруари 2020
Бегајќи од куче кое го каснало, велешанец скокнал во провалија и тешко се повредил. По ова бил пренесен на Клинички во Скопје. Ова се случило во текот на вчерашниот ден, на пладне, во близина на велешката болница. Настанот го потврдија од МВР.
Околу 12,30 ч. во ПС Велес било пријавено дека лицето А.Ј. (55 год) откако било каснато од куче, бегајќи скокнал во провалија. Инцидентот се случил на улица Самоборска ( улицата која води кон Болница з.а.) - информираа до МВР.
Од ЈЗУ Општа Болница Велес портпаролот д-р Тодор Јаковлев кажа дека вчера околу пладне, бил примен пациент, кај кој по падот во провалијата била регистрирана повреда на вратниот рбет и поради сложеноста, морал да биде префрлен на Клинички во Скопје.
Tweet |