Петар Печков
Објавено: среда, 11 декември 2013
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.С.(23) од Велес, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотична дрога и психотропни супстанции“.
Во текот на април оваа година, пријавениот од непознато лице од Скопје набавил неодредена количина наркотична дрога марихуана, од која дел односно 29,4 грама ја препакувал во четири најлонски кеси, а во текот на истиот месец на четири лица во Штип им овозможил истата да ја користат.
Tweet |