Петар Печков
Објавено: вторник, 22 септември 2020
Велешанец бил фатен како поседува 10 грама хероин, за што му е одреден притвор. Тој дрогата ја чувал во топче од киндер јајце кое го криел во долен веш.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.А(24) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10-ти септември полициски службеници, при извршен претрес во дом и други простории на пријавениот во Велес и при личен преглед на пријавениот, пронашле и одзеле хероин и пари. Т.А. бил лишен од слобода- информираше МВР.
Oсновното јавно обвинителство Велес донело наредба за спроведување истражна постапка против лице на 24-годишна возраст од Велес за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот, на 10 септември, во својот дом, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во вкупна количина од 9,87 грама. Дрогата била спакувана во 49 мали најлонски пакувања, сместени во едно топче од киндер- јајце скриено во долната облека што ја носел на себе - соопштија од ОЈО Велес.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на обвинителството и на осомниченото лице му определил притвор во траење од 30 дена.
Tweet |